Биди дел од 30 часовна бизнис презентација на која 90 стартапи ќе ја презентираат својата идеја и добијат шанса за инвестиција од 25.000 евра.
Право на учество ќе има секој кој смета дека има иновативна идеја, без разлика дали почнал со развој на бизнисот.
Добиваш насоки од наша страна за тоа како треба да изгледа презентацијата. Презентираш пред комисија за време од 10 минути.
Твојата идеја ја претставуваш пред прецизно избрана комисија од независни експерти, претприемачи.
За да се руши рекордот, севкупно настанот ќе трае 30h, а учесниците ќе ротираат согласно претходно определен распоред.
Комисијата избира 5 победници на кои ќе им се доделени по 25.000 евра инвестиција како и препораки за партнери и нетворкинг.
Во рок од 5 месеци, победниците ќе се донесат од идеја до реализација со помош на Google Design Sprint работилници.
Мисијата продолжува со тебе. Секоја голема приказна се создава од мали делови. Придружи се во нашето патување до целта и биди дел од светски рекорд.